Франк де Бур, нов менаџер на Кристал Палас

Холандскиот стратег Франк де Бур е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Кристал Палас. Тој потпиша тригодишен договор со обој клуб и ќе го наследи Сем Алардајс, кој обезбеди опстанок и си замина. Новиот предводник веднаш ја посочи и целта за новата сезона, Кристал Палас да не стравува за опстанокот во Премиер – лигата.

„Ова е нов голем предизвик за мене. Премиер – лигата е секако сон за секој менаџер. Кристал Палас е клуб со голема традиција и јас сум среќен што добив шанса да го водам овој тим. Целите на клубот се јасни, да биде во средишниот дел на табелата и да не стравува за опстанок“, изјави Франк де Бур по именувањето на новата функција.

Кристал Палас веднаш размислува и за новите засилувања, а прв „пик“ е младиот напаѓач на Манчестер сити, Келечи Ихеаначо.

Се вчитува...