Франкфурт ги откажа сите венчавки поради настапот на Ајнтрахт во финалето на ЛЕ

Локалните власти на Франкфурт ги откажал сите венчавки кои биле закажани во четвртокот, поради финалето на Лигата на Европа меѓу Ајнтрахт и Глазгов Ренџерс, кој се игра ден порано во Севилја. Доколку германскиот тим триумфира, тогаш следниот ден ќе има големо славје во Франкфурт.

Од германскиот тим порачале дека единствено ќе има прослава само доколку тимот дојде до трофејот.

„Со десетина илјади многу емотивни фудбалски навивачи пред салата за венчавки можеме да им понудиме достоинствено опкружување кое со право го очекуваат. Ова не беше лесна одлука. Сепак, за луѓето венчавката е важен момент. Се би требало да биде совршено за тој момент да го паметат до крајот на животот“, рече портпаролот на Ајнтрахт, Аксел Хелман.

Во четврток во Франкфурт биле закажани девет венчавки.

Се вчитува...