„Франс Фудбал“: Килијан Мбапе, најдобар фудбалер во Франција за 2019 година

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, е избран за најдобар фудбалер во Франција за 2019 година во изборот на престижниот „Франс Фудбал“. Репрезентативецот на „триколорите“ имаше голем придонес во националниот тим во квалификациите за ЕВРО 2020, а со тимот на ПСЖ доминантно ја одбрани шампионската круна и беше еден од најдобрите стрелци во првенството и во ЛШ.

„Килијан Мбапе и понатаму е едно обично момче кое сака да игра фудбал, како и кога имаше само 17 години. Сега сцената е многу поголема, исто така и обврските кон ПСЖ, но желбата да се биде најдобар и со тимот и со репрезентацијата на Франција и понатаму се мои приоритети. Не размислувам премногу за тоа, но ако веќе прашувате, би сакал еден ден да ја освојам и „Златната Топка“, се разбира, доколку тоа го заслужувам“, изјави Килијан Мбапе за „Франс Фудбал“.

Се вчитува...