Франција без Карабатиќ на ЕП 2022

Франција ќе биде дополнително ослабена на претстојниот европски шампионат откако Лука Карабатиќ отпадна од комбинација за настап во дресот на „триколорите“.

Искусниот пивот се повреда уште минатиот месец при настап за ПСЖ, а токму неговиот клуб објави дека проблемот со повредениот мускул се уште не е надминат и дека Карабатиќ дефинитивно отпаднал од комбинација за настап на ЕП 2022.

„По повредата на мускулот на левата нога поради која ги пропушти последните средби во 2021 година, Лука Карабатиќ исто така нема да настапи ниту на ЕП 2022“, објави ПСЖ на клупската веб-страница.

Карабатиќ е третиот француски ракометар кој отпадна од комбинација за овој шампионат, по Нгесан и Ремили. Покрај тоа, осум ракометари на „триколорите“се наоѓаа во самоизолација поради коронавирус, па јасно е дека селекторот Жил ќе се соочи со огромни проблеми на овој шампионат.

Франција е дел од групата што ќе се игра во Сегедин, каде за ривали ќе ги има Хрватска, Србија и Украина.

Се вчитува...