Репрезентацијата на Франција е младински ракометен светски првак откако „триколорите“ попладнево славеа над Хрватска (28-23) во финалето од мундијалот што се одржуваше во Шпанија.
Хрватите предводени од поранешниот „металург“ Халил Јагањац влегоа во финалето во обид да стигнат до прво младинско злато, но експресно изгореа во мечот за злато во Виго. Французите тргнаа фуриозно и веќе во првите петнаесетина минути си го осигураа триумфот поведувајќи со 10-3. „Коцкестите“ потоа се консолидираа, на одмор се замина со резултат 16-10, а потоа Хрватска на самиот старт од вториот дел намали на 16-12, не користејќи и напад со играч повеќе.
Франција го издржа тој налет на противникот, па рутински ја одржа предноста до самиот крај, за заслужена победа од 28-23 и искачување на врвот на светскиот младински ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА