Франција го доби „мега-дуелот“ против Германија

Франција ја совлада Германија со 30-29 во дербито на денот на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Токио. Французите одиграа одлично во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 16-13. Во вториот дел следеше пад кој Германија го искористи и успеа на шест минути до крајот целосно да се врати во мечот (27-27).

Сепак, по тајмаутот на селекторот Жилом Жил, Франција успеа да се консолидира и на крајот да стигне до триумф од 30-29. Дика Мем со шест гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај Германија, Тимо Кастенинг заврши со седум гола.

За потсетување натпреварот го судеа македонските интернационални судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се вчитува...