Франција оди во Украина без најдобриот играч?

Фудбалската репрезентација на Франција синоќа не успеа да ја победи репрезентација на Босна и Херцеговина во квалификациите за СП. По 90 минути, резултатот беше 1-1, но прилично лошиот настап и губењето на два поени не е единственото нешто што го загрижува селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп.

Имено, француските медиуми утрово пренесуваат дека настапот на нивниот најдобар играч Килијан Мбапе во следниот квалификациски натпревар против Украина е под знак прашалник. Имено, Мбапе се повреди за време на синоќешниот дуел со „Змејовите“, а тој ја напушти играта пред последниот судиски свиреж.

Напаѓачот на ПСЖ наводно има повреда на задната ложа, а денеска ќе ги мине деталните медицински прегледи, по што ќе се знае дали ќе биде подготвен да настапи во Украина.

Се вчитува...