Франција против САД и во женското кошаркарско финале

Завршниот викенд од кошаркарскиот турнир во Париз ќе мине во знакот на Франција и САД, откако овие две селекции се изборија за финале и во женска конкуренција, еден ден откако тоа го сторија нивните машки колеги.

Французинките одиграа меч за паметење против европскиот првак Белгија, триумфирајќи со 81-75 по продолжение од пет минути. Дуелот беше суперинтересен, откако Белгија со неверојатна серија од 2-26 стигна од негатива од 29-20 до предност од 31-46. Французинките тогаш се разбудија, заиграа агресивна одбрана и успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Белгија со тројка на девет секунди до крајот израмни и го одведе мечот во продолженија, но Французинките беа поумешни во клучните моменти и стигнаа до големата победа.

Американските кошаркарки рутински си ја одработеа задачата во првото полуфинале против Австралија, триумфирајќи со убедливи 85-64. Целата работа беше завршена уште во првото полувреме што Американките го добија со 45-27, потоа рутински одржувајќи ја убедливата позитива. Стјуарт со 16 и Јанг со 14 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека прв стрелец на Австрија во овој пораз беше Борлејс со 11 поени.

Се вчитува...