Франција со Мбапе на ОИ во Париз?

Претседателот на француската фудбалска федерација Филип Диало, призна дека е во преговори со ѕвездата на ПСЖ тој да игра на Олимписките игри во Париз идното лето, тврди „Ле Паризиен“.

Олимпските репрезентации се составени од играчи под 23 години, но во селекцијата може да има само тројца со над овие години.

„Наша должност е сите најдобри играчи да бидат во тимот“, рече Диало на прашањето дали Мбапе ќе биде во составот на олимписката репрезентација.

И самиот Мбапе претходно изјави дека сака да игра на Олимписките игри.

„Се надевам дека ќе играм. Од секогаш сум сонувал да бидам дел од Олимписки игри. Но тоа не зависи само од мене“, рече Мбапе во април оваа година.

Репрезентацијата која ќе учествува на Олимпијадата, ќе биде предводена од легендарниот Тјери Анри. Проблематично е тоа што Франција ќе треба да игра и на Европското првенство, но не се поклопуваат термините. Европскиот шампионат во Германија завршува на 14 јули, а на 20-ти започнуваат Олимписките игри.

Се вчитува...