Француска доминација на слаломот во Крањска Гора, малиот кристален глобус за Австриецот Шварц

Француските алпски скијачи остварија еден два победа на денешниот слалом во Крањска Гора кој се возеше во сезоната во алспко скијање. Победата му припадна на Клема Ноал кој постави време од 1:47.51, што беше за 62 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот сонародник Виктор Муфа Жанде.

Третото место му припадна на Рамон Цејнхојзер од Швајцарија кој доцнеше 71 стотинка зад времето на победникот. Австриецот Марко Шварц го обезбеди малиот кристален глобус во слалом иако денеска заврши само како седмопласиран.

Во генералниот пласман се взештува пред финалето во Светскиот куп кој почнува од среда во швајцарскиот Лензерхајде, откако водечкиот во генералниот пласман Алексис Пантуро не ја заврши денешната трка и во моментов има само 31 бода предност пред второпласираниот Марко Одермат.

Се вчитува...