Францускиот тенисер Констант Лестиен залудно мина низ вистинска голгота. Актуелниот 191. играч во светот минатата недела играше во Доминиканската Република, каде беше елиминиран во четвртфиналето.
Тој реши да патува 1.455 километри до Мајами, надевајќи се дека ќе добие покана за квалификациите на турнирот.
Французинот на крајот немаше среќа да добие специјална покана, па неговото доаѓање на Флорида беше сосема непотребно.
Лестиен е професионалец од 2012 година и досега во кариерата има заработено околу 2,2 милиони долари. Мастерсот во Мајами е закажан за периодот од 19. до 30. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА