Француските и германските навивачи направија хаос во Ница (ВИДЕО)

Навивачите на Ница и Келн дивееја пред средбата на своите тимови во првото коло од Конференциската лига па натпреварот помеѓу францускиот и германскиот клуб беше одложен за цел час.

На снимките кои се појавија на социјалните медиуми се гледа како навивачите на двата клуба се гаѓаат со факели и физички се пресметуваат, а за смирување на ситуацијата не помогна ниту интервенцијата на полицијата и играчите од двата клуба.

Според информациите на тамошните медиуми, голем е и бројот на повредени. Една личност паднала од трибините и се наоѓа во критична состојба, а сличен е случајот со уште еден навивач. Бројот на повредени е најмалку седум, без да се земат во обѕир „жртвите“ од пресметката на двете навивачи групи на улиците на градот пред почетокот на мечот.

Се вчитува...