Французинките ја решија Шведска, на ред е Данска

Франција е последниот полуфиналист на ракометниот мундијал за жени што се одржува во Шпанија, откако „триколорките“ во вечерашната четвртфинална пресметка ја совладаа Шведска со 31-26. Французинките до триумф останаа благодарение на одличното второ полувреме, пласирајќи се во полуфиналето, каде ги очекува дуел со силната Данска.

Првите 30 минути минаа во израмнета битка на двете страни, на одмор се замина со 15-15, за во вториот дел да пресуди цврстата француска одбрана. Шведскиот селектор задоцни со тајмаутот, наместо да ја прекине серијата на противникот се реши да проба и со „седум на шест“, но ова резултираше со лесни француски погодоци, по што искусните „триколорки“ знаеја да ја задржат предноста до самиот крај, за триумф со конечни „плус пет“.

Во второто полуфинале од овој ракометен мундијал, што ќе се игра в петок, домаќинот Шпанија ќе се сретне со Норвешка.

Се вчитува...