Французинките за првпат во историјата во финале на ЕП

Ракометарките на Франција за првпат во својата историја обезбедија настап во финале на Европско првенство. Французинките во полуфиналната пресметка на шампионатот на кој се домаќини славеа лесно против Холандија со 27-21 (12-11).

По израмнетото прво полувреме, Франција до посакуваното финале стигна благодарение на одлично одиграното второ полувреме против Холанѓанките кое го добија со 15-10.

До триумфот предводеше Естел Минко со шест постигнати гола, а по четири гола запишаа Сираба Дембеле и Лаура Флипс. Кај Холанѓанките најдобра беше Лоис Абинг со седум погодоци.

Франција во битката за европската круна во недела ќе се соочи со репрезентацијата на Русија кој во првото полуфинале славеше против Романија.

Се вчитува...