Французинот Сери од следната сезона во Еурофарм Пелистер

Францускиот интернационалец Руди Сери од следната сезона ќе биде дел од македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер потврдија денеска од клубот од Битола. 27-годишниот лев бек потпиша двегодишен договор со битолчани, а доаѓа од францускиот тим Сесон Рен.

Сери во својата кариера покрај за Сесон Рен има настапувано за францускиот клуб Селештат Алкасе и шпанска Бидасоа Ирун.

Левиот бек е трето ново име во Еурофарм Пелистер, по претходните ангажмани на голманот Урбан Лесјак од Словенија и Усама Хосни од Тунис.

Се вчитува...