Французите први полуфиналисти на Европското првенство

Одбојкарите на Франција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, откако ја победија Романија со 25-16, 25-19, 25-18.

Шампионите од 2015 година, кога го освоија последниот медал, лесно ги надиграа Романците, кои можат да бидат задоволни од ова првенство.

Најдобри поединци во победничката екипа беа Тео Форет со 19 поени и Франсоа Иец со 11 поени. Кај Романците, двоцифрен учинок имаше само Кристијан-Даниел Читигои, кој постигна 11 поени.

Во полуфиналето, Франција ќе игра со подобриот дуелот меѓу Италија и Финска. Останатите четвртфинални двојки се Белгија – Словенија и Полска – Германија.

Се вчитува...