Франција продолжува со максималниот ефект и по 3. коло во Групата Д од квалификациите за СП 2026, триумфирајќи со 3-0 во пресметката против Азербејџан.
Се мачеа Французите во првиот дел, за да во последните секунди од првите 45 минути се разбуди Мбапе кој со гол донесе предност од 1-0.
Во второто полувреме Рабио, токму на асистенција на Мбапе, во 69. минута донесе предност и од 2-0, а во финишот Таувин заокружи за 3-0.
Во оваа група, одличен натпревар одиграа Исланд и Украина кој на крај заврши со триумф на Украинците од 3-5. Имаше водство Украина и од 1-3, Исланѓаните дојдоа до 3-3, а потоа Калужњи во 85. минута постигна гол за 3-4, и на крај Очеретко за 3-5.
Во групата А, Германија очекувано славеше убедливо со 4-0 против Луксембург, а Северна Ирска славеше против Словачка со 2-0.
Во Групата Б, Швајцарија победи на гостувањето против Шведска со 0-2, а Косово и Словенија одиграа натпревар без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

