Франција ја совлада Македонија со 32-25 во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, натпревар во кој одново блесна големиот македонски талент Марко Митев за ново МВП признание.
Изборот на Митев предизвика шок кај Французите кои на официјалниот профил на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) објави зачудувачко видео со напис „Квалитетна претстава од нашите плави, но Марко Митев е избран за човек на натпреварот…“
Une prestation de qualité de nos BLEUS mais c’est Mako Mitev qui est élu Homme du Match… 🇲🇰 pic.twitter.com/E9hD4StrIk
— Equipes de France de Handball (@FRAHandball) January 25, 2025
Французите можеби се зачудни, но Митев одигра квалитетно против нив, асот на Алкалоди имаше и извонреден мундијал, два меча по ред се закити со МВП-признанија и јасно покажа дека е играч кој со години наназад ќе биде клучен адут во нашите настапи на големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА