Фратанџело го препоти Ѓоковиќ…, Кирјос веднаш елиминиран во Индијан Велс

Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс славејќи против Американецот Бјорн Фратанџело во два сета со 7-6,6-2.

Најдобриот светски тенисер во шеснаестфиналето на првиот Мастерс ќе игра против Германецот Филип Колшрајбер кој го елиминираше Австралиецот со грчко потекло Ник Кирјос.

Кирјос продолжува, пак, согласно својот карактер. Откако го покори Акапулко каде со ред ги победи Надал, Вавринка, Иснер и Зверев, сега разочара веднаш на стартот од Индијан Велс и загуби од Германецот со 4-6,4-6.

Се вчитува...