Фрчат голови од стартот во Рим: Мане за Ливерпул, ама Милнер – за Рома!

Возбудливо е на „Олимпико“ уште од самиот старт на реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Рома и Ливерпул. По 15 минути, веќе два гола, а резултатот е 1-1.

Садио Мане го доведе Ливерпул во водство по еден противнапад во деветтата минута, но Џејмс Милнер си постигна автогол само шест минути подоцна.

Се вчитува...