„Фрчат“ откази, во ПСЖ следат огромни промени: „Кој вели дека Меси е среќен во Париз тој лаже!“

Иако, со ѕвезди во своите редови како Нејмар, Мбапе и Меси, важеше за еден од најсериозните кандидати за освојување на Лигата на шампионите, ПСЖ повторно разочара.

Па, сопствениците на клубот, катарските емири, се незадоволни од начинот на кој функционира екипата поради што веќе се најавуваат и првите откази во клубот. Се најавува дека и на крајот од сезоната ќе следат огромни промени и бројни заминувања од тимот.

Прв на листата заминувања е Килијан Мбапе кој веќе е договорен со Реал Мадрид, но тој нема да биде единствениот кој ќе замине.

Како што пренесува и угледниот новинар Ромаин Молина, од јуни во клубот нема да бидат и претседателот Насер Ал Келаифи, спортскиот директор Леонардо како и тренерот Маурисио Покетино. Ќе има комплетна реконструкција на клубот, со бројни промени и во раководството и во тимот.

Според Молина нема да биде изненадување да замине и Лионел Меси…

„Кој вели дека Лионел Меси е среќен во Париз, тој лаже“ – порача Молина.

Се вчитува...