Легендарниот Френк Лампард повторно ќе биде дел од Премиер-лигата, откако големиот ас успеа да го врати Ковентри во елитното англиско фудбалско друштво.
Цели 25 години откако овој тим испадна од Премиер-лигата, Ковентри повторно ќе биде дел од елитата, и тоа сосема заслужено ако се земе во предвид доминацијата на овој тим во Чемпионшип-дивизијата.
Ковентри вечерва ремизираше 1-1 на гостувањето со Блекбурн, а овој еден бод беше сосема доволен за да се осигура промоцијата во елитното друштво уште на четири кола до крајот на сезонава.
Лампард претходно ги водеше Челси и Евертон во Премиер-лигата, а Ковентри ќе биде неговиот трет тим како менаџер во елитното англиско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
