Тренерот на Тотенхем, Томас Френк упати остри критики на судењето за време на натпреварот помеѓу неговиот тим и Ливерпул во 17. коло од Премиерлигата.
Френк говореше за црвените картони досудени на неговите играчи кои смета дека се престроги, а и за контроверзниот гол на Екитике кој донесе гостинска предност од 0-2.
„Пред се, јас сум искучително горд на играчите и целиот тим. Мислам дека дадоа апсолутно се од себе, покажаа неверојатна ментална сила. Начинот на кој реагиравме на неколку тешки моменти беше навистина импресивен.
Првиот беше црвениот картон, за кој морам да кажам дека сум го видел и порано, но не ми се допаѓа. Не ги сакам овие видови на црвени картони, бидејќи сметам дека натпреварот со тоа практично се завршува. Не мислам дека беше безобѕирен старт, ниту дека беше користена претерана сила. Судијата на теренот досуди жолт картон и поради тоа сметам дека не беше прекршок за исклучување“, изјави Френк кој потоа се осврна и на спорниот гол на Екитике.
„Две раце на грбот од страна на напаѓачот. Колку што јас ги знам фудбалските правила, тоа не е дозволено. Во ред е таквите работи да се случуваат на теренот, судиите се луѓе, но тогаш ВАР треба да ја поправи грешката, овој пат тоа не се случи“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

