Френки де Јонг на прагот на „Камп Ноу“

Младиот холандски репрезентативец Френки де Јонг ќе си замине од Ајакс на крајот од сезоната, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Барселона, откри неговиот татко во интервју за холандските медиуми. За него се интересираат најголемите европски клубови, но тој сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.

„Тој е многу интелигентно момче и одлуката самостојно ќе ја донесе напролет. Постојат 95% шанси да го напушти Ајакс, а Барселона е најдобрата дестинација за него“, изјави родителот на Френки де Јонг.

Играчот за врска игра одлично во дресот на Ајакс оваа сезона. Покрај Де Јонг, Барселона се интересира и за дефанзивецот Матијс де Лихт.

Се вчитува...