Фрлач на ѓуле се посрамоти: Добро што не убив никого! (ВИДЕО)

Наместо слава и медал, српскиот репрезентативец во фрлање ѓуле, Асмир Колашинац, се посрамоти пред домашната публика на Европското првенсто во атлетика што се одржува во Белград. Колашинац имаше само едно добро фрлање од 19,96 метри што беше доволно за 11.место.

Но, Србинот ќе остане запаметен по најбизарната сцена на првенството. Во третата серија, ѓулето на Колашинац летна над заштитната ограда и заврши на атлетската патека. А, српскиот атлетичар потоа се пошегува на своја сметка.

„Парадоксот е што и покрај се што ми се случи, фрлив далеку, ама надвор од оградениот сегмент. Едноставно, не било пишано! Ако има нешто добро во ова, барем никого не убив со куглата во третата серија!“ – духовито прокоментира Колашинац.

 https://www.youtube.com/watch?v=KbmcOMzzAjw

Се вчитува...