Фудбал на македонски начин: Во Струга помошник судеше од „сред езеро“! (ВИДЕО)

И тоа како добро ни е позната состојбата со фудбалската инфраструктура во земјава… Зимските месеци, пред се на почетокот од вториот дел од шампионат, стандардно ни се оптоварени со постојани одложувања на натпревари поради несоодветните услови за игра. Тоа за Првата, елитна, наша лига… А, воопшто, пак, не се ни потенцираат условите во второлигашките и третолигашките конкуренции.

Па, затоа за многумина, кои го следат домашниот второлигашки фудбал, и не е некое изненадување ситуацијата од дербито од 21. коло во Втората лига – Запад меѓу Струга Трим Лум и Лабуништа… Градскиот стадион во Струга е веднаш на кејот, на Охридското езеро. И поради високиот водостој на езерото овој месец, истото си стигнало и до самиот терен на стадионот во Струга. Па, помошниот судија, што би рекле стружани, мораше 90 минути да суди од „сред езеро“… Ништо страшно, мало 90-минутно разладување!

Се вчитува...