Фудбал зад затворени врати – здравјето е најважно од се

Коронавирусот создава хаос во Италија, четири средби што требаше да се играат вчера беа одложени, a „Серија А“ поднесе и официјална иницијатива за натпреварите од следните рунди, се до крајот на кризата, да се играат без присуство на публика.

Првиот човек на лигата, Паоло Дал Пино, испратил писмо до Министерот за Спорт, барајќи повеќе да не се одложуваат фудбалски натпревари, наведувајќи дека распоредот на врвните клубови секако е премногу згуснат и нема да може да се најдат термини за одигрување на средбите што би биле одложени. Сезоната мора да заврши на 24 мај и крајот никако не смее да се одложи бидејќи ЕП 2020 ќе стартува на 12 јуни, па Дал Нино препорачува дека ако веќе се преземат засилени сигурносни мерки, тие да се однесуваат на играње пред празни трибини, никако и на одложување на средбите.

Големи се шансите дека дербито меѓу Јувентус и Интер ќе се игра пред празни трибини, но раководството на „старата дама“ се подготвува за ваков расплет.

„Во овој момент приоритет на сите во земјата е здравјето на луѓето. Се согласуваме, нема ништо поважно од тоа. Водиме дијалог со луѓето кои ги донесуваат најважните одлуки, секако ќе го почитуваме она што тие ќе го решат. Реално, тешко е да се прекине со фудбалот во земјата бидејќи распоредот е максимално згуснат, а нема можност за продолжување на сезоната“, изјави првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Се вчитува...