Фудбалер и бизнисмен: Пике ќе заработи „луди“ пари од трансферот на Меси во ПСЖ!

Капитенот на Барселона, Жерар Пике, не само што е одличен фудбалер, туку тој е и одличен бизнисмен, а ова го потврди и со последниот потег, откако неговата компанија ги откупи правата за директни преноси од натпреварите од француското првенство во Шпанија.

Причина за ваква реакција е фактот што во Лига 1 сезонава ќе игра неговиот доскорешен соиграч, Лионел Меси, кој пред две недели потпиша за ПСЖ. Неговиот трансфер во Париз предизвика големо внимание и во шпанската јавност, а Пике очекува дека поради тоа ќе порасне интересот на шампионатот на Франција на Пиринеите, а со тоа и парите што би ги инкасирал од заинтересираните телевизии за вршење директни преноси.

Компанијата на стоперот на Барса ги има откупено правата и за мечевите од италијанска Серија Б, а го пренесуваше и финалето од Копа Америка во кое Аргентина славеше над Бразил на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Инаку, Меси се очекува да дебитира во дресот на новиот клуб претстојниот викенд и тоа в недела на гости кај Ремс.

Се вчитува...