Фудбалер на Борусија Д. доби дрес од Штутгарт во знак на благодарност за опстанокот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко доби дрес од Штутгарт со сите потпишани фудбалери во знак на благодарност. Мукоко го постигна вториот гол за Борусија Д. против Херта, со кој „милионерите“ победија со 2-1, и благодарение на победата на Штутгарт, тимот успеа да избори опстанок во првенството.

Во знак на благодарност, Штутгарт му испрати дрес на Штутгарт потпишан од сите играчи, на кој стои: „Благодарам“, и резултатот од средбата 2-1.

Херта на крајот играше бараж за опстанок, и преку Хамбургер успеа да избори опстанок во Бундеслигата.

Се вчитува...