Фудбалер на Челси поради расизам се откажа од дресот на Англија

Англиските фудбалски репрезентативци Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа на мета на голем број расистички навреди откако ги промашија пенали во финалето на ЕВРО 2020 против Италија.

Овие фудбалери добија голем број погрдни зборови поради бојата на нивната кожа, а ѕвездата на Челси, Калум Хадсон-Одои токму поради таа причина сака да се откаже од дресот на Англија, па одлучи дека ќе игра за Гана.

Фудбалскиот сојуз на Гана веќе со месеци разговара со фудбалерот на Челси за промена на спортското државјанство, а тој уште има право да настапува за Гана и наводно донел таква одлука по тоа што им се случи на неговите колеги.

Хадсон-Одои одигра три меча за Англија, сепак правилата на ФИФА му дозволуваат да ја промени репрезентацијата ако нема одиграно повеќе од три дуели за друга селекција пред 21 година.

Се вчитува...