Фудбалер на Евертон уапсен за педофилија

Премиер-лигата ја потресува нов скандал откако доцна синоќа беше обелоденето дека еден фудбалер од елитното англиско друштво е суспендиран под сомнение за педофилија. Нешто подоцна беше обелоденето дека станува збор за фудбалер на Евертон, откако самиот клуб потврди дека суспендирало еден свој играч откако против него е покрената полициска истрага.

Според весникот „Мирор“, станува збор за обвинение за педофилија. Идентитетот на фудбалерот не смее да биде обелоденет, но британскиот весник објави дека станува збор за 31-годишен играч во чиј дом бил извршен претрес во петокот, по што играчот бил спроведен во полициска станица. Според „Мирор“, станува збор за играч кој заработил богатство низ кариерата откако направил неколку мултимилионски трансфери менувајќи клубови во изминатите години.

Раководството на Евертон дало ветување дека ќе им помогне на властите во истрагата и дека повеќе нема да се огласува во врска со овој случај.

Се вчитува...