Фудбалер на Фенер лежеше беспомошен и без свест на меч против Коња на нашиот Барди (ВИДЕО)

Се се одвиваше според планот за Фенербахче на натпреварот против Коњаспор на нашиот Енис Барди откако водеше со убедливи 4-1 пред своите навивачи, но еден момент им го расипа расположението на сите.

Керем Актуркоглу, играчот на домашниот тим, заврши на земја по еден воздушен дуел со противнички фудбалер. Се испостави дека притоа добил незгоден удар во главата. Турскиот репрезентативец лежеше неподвижен и без свест, па набрзо мораше да интервенира медицинскиот тим.

Додека му се укажуваше помош, Актуркоглу беше опкружен со фудбалери од двата тима. На крајот, тој беше изнесен од теренот на носилки. Енис Барди овој натпревар го почна на клупата за резерви на Коњаспор, а влезе во игра во 60. минута.

Се вчитува...