Фудбалер на Херта ги прекина подготовките поради тешка болест

Фудбалерот на Херта, Марко Рихтер ги напушти подготовките на клубот поради операција, откако му беше дијагностициран канцер на тестисите, соопшти бундеслигашот. Во соопштението се наведува дека на прегледите му е откриен тумор, но дека целосната дијагноза на 24-годишниот фудбалер треба да биде утврдена.

Рихтер беше на списокот на фудбалери кои требаше да отпатуваат на подготовки во Англија.

„Марко има полна поддршка во оваа ситуација. Се надеваме дека ќе се опорави и ќе се врати што побрзо“, истакна спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ.

Рихтер е поранешен младински репрезентативец на Германија. Покрај Херта, настапуваше за Аугзбург и за младинските категории на Баерн Минхен.

Се вчитува...