Фудбалер на Интер се расплакал по пропаднатиот трансфер

Матео Политано не се изнаигра во Интер, па кога се укажа шанса за преселба во Рома во размена за Спинацола италијанскиот репрезентативец без размислување прифати. Тој дури ги мина и лекарските прегледи во Милан, за потоа да дознае дека размената пропаднала бидејќи „нероаѕурите“ се премислиле, не го сакаат Спинацола, па наместо него го ангажираа Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми јавуваат дека несреќниот Политано со солзи во очите долетал назад во Милано, свесен дека е предалеку од улога на стартер во Интер. Тој бара да му биде дозволено да си замине, како опција се споменуваше размена со Наполи за Љоренте, но и тоа пропадна откако Конте реши наместо по шпанскиот ветеран вниманието да го насочи кон Оливие Жиру.

Греeњето  на клупата во Интер ќе значи и губење на место во репрезентацијата за ЕП 2020, па јасно е зошто тој по секоја цена ќе настојува да ги промени клупските бои.

Се вчитува...