Фудбалер на Осијек мртов пијан со автомобил се ‘забил’ во бензинска пумпа… (ФОТО)

Фудбалерот на Осијек, Петар Бочкај пијан предизвикал инцидент по концертот на српскиот пејач Саша Матиќ во Осијек.

22-годишниот Бочкај по концертот се забил со својот мерцедес во бензинска пумпа и веднаш побегнал од местото на настанот. ФК Осијек експресно реагираше одлучувајќи веднаш да го раскине договорот со фудбалерот.

„Поради инцидентот во кој под дејство на алкохол наш фудбалер предизвика голема материјална штета притоа и животно загрозувајќи една личност нанесувајќи телесни повреди а притоа и бегајќи од местото на несреќата тој ја заврши кариерата како фудбалер на нашиот тим. Клубот ќе повлече и правни мерки за да ја надомести штетата нанесена на угледот на клубот“ – се вели во соопштението од ФК Осијек.

Според изјави на сведоците, Бочкај бил револтиран затоа што вработените во бензинската не сакале да му отворат во раните утрински часови да си купи чоколадо. Па, влегувајќи во автомобилот се забил во излогот на бензинската пумпа притоа животно загрозувајќи и една од вработените. Веднаш по инцидентот побегнал но набрзо бил пронајде и уапсен од полицијата.

Според информациите од полицијата Бочкај не ја предизвикал намерно несреќата, но во моментите на нервоза и под дејство на алкохол случајно го стартувал автомобилот во погрешна брзина. Потоа се уплашил и побегнал од местото.

Се вчитува...