Фудбалер на Реал Мадрид се кае: Ех, да си потпишев за Барса…

Беше најдобар фудбалер на Европското првенство за селекции до 21 година, и дојде како голема надеж во Реал Мадрид. Но, по половина од сезоната во Ла Лига, Дани Себалјос е незадоволен и имал расправија со тренерот Зинедин Зидан. Причината е јасна, тој доби премалку шанси да покаже што знае во дресот на „кралскиот клуб“.

Шпанските медиуми информираат дека Себалјос имал жестока караница со Зидан и во еден момент дури и истакнал дека се кае затоа што потпишал за Реал Мадрид. Не очекувал таков третман, затоа што сепак се работи за многу перспективен млад фудбалер. Дури отишол и дотаму што рекол дека требало да потпише за лутиот ривал Барселона.

Дани Себалјос имаше понуди од неколку европски клуба минатото лето, но тој го одбра Реал Мадрид.

Се вчитува...