Амбициозниот Ал Хилал продолжува со засилувања за престојната сезона во која на клупата ќе го има трофејниот италијански стратег Симоне Инзаги кој ова лето го напушти Интер на големо изненадување на јавноста.
Дел од тимот се очекува да биде и Анхелињо, 28-годишниот шпански лев бек кој е дел од Рома од 2024 година. Преговорите се во тек и реализацијата на трансферот се очекува да изнесува 20 милиони евра.
Анхелињо кој потекнува од младинската школа на Манчестер Сити претходно покрај за сениорскиот тим на „граѓаните“ досега настапуваше и за Џирона, Мајорка, Бреда, ПСВ, Лајпциг, Хофенхајм и Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА