Фудбалер на Селта оди четири години затвор поради сексуален напад!

Судот во Шпанија му изрече четири години затвро на фудбалерот на Селта Виго, Санти Мина, кој беше обвинет за сексуален напад. 26-годишникот наместо на фудбалските терени, ќе мора следните години да ги помине во затворска ќелија.

Санти Мина во 2017 година беше обвинет за сексуален напад во Алмерија, откако заедно со неговиот пријател Давид Голдар имале односи со девојка. Според информациите изнесени пред судот, Голдар и девојката стапиле во доброволен однос, додека фудбалерот на Селта ја нападнал и поради тоа е обвинет. Обвинителството побара казна од десет години затвор, со забрана за приод на 500 метри во период од десет години. Сепак, судот пресуди дека Санти Мина ќе одлежи казна од четири години, а во наредните 12 ќе има забрана за приод на девојката. Исто така, ќе мора да исплати и сума од 50.000 евра на девојката како парична санкција.

Лоша вест за Мина и Селта е фактот дека затворската казна го надминува рокот од две години, па според законот нема да може да избегне време во затвор. Тоа значи дека Санти Мина и дефинитивно нема да игра за клубот во наредниот период, а колку време ќе мине во затвор, останува да се види.

 

Се вчитува...