Фудбалер на Вест Хем успеа да направи нешто што не им тргнало од рака ниту на Меси, ниту на Роналдо

Левиот бек на Вест Хем, Емерсон Палмиери, во средата вечер испиша историја во европскиот клупски фудбал.

Вест Хем Јунајтед ја победи Фиорентина со 2-1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА и го освои првиот трофеј по 43 години.

Во исто време, Емерсон Палмиери, роден Бразилец, кој игра за италијанската репрезентација од 2018 година, стана првиот фудбалер кој ги освоил сите европски клупски трофеи. Ако на тоа се додаде и европската титула со „аѕурите“, тогаш тоа е вистински подвиг.

Емерсон ја освои Лигата на Европа во 2019 година како играч на Челси (4-1 против Арсенал). Со истиот клуб ја освои Лигата на шампионите во 2021 година (1-0 против Манчестер Сити), а потоа истата година и Суперкупот на Европа (1-1 – 6-5  против Вилјареал на пенали). Конечно, сега со Вест Хем го додаде и трофејот од Конференциската лига. Ако на сето ова се додаде и ЕВРО 2020 со репрезентацијата на Италија (1-1 – 3-2 против Англија на пенали), тој ги има освоено сите можни европски трофеи.

 

Се вчитува...