Фудбалер од БиХ е победник во шоуто „Ѕвездите на гранд“ (ВИДЕО)

Фудбалерот на Тошк од Тешањ, Нермин Ханџиќ е победник во музичкото балканско шоу, „Ѕвездите на гранд“.

18-годишниот Ханџиќ во финалето го победи Македонецот, Александар Јосифовски со освоени повеќе од 100.000 телефонски гласови.

Тој е член на младинскиот тим на Тошк, но очигледно по оваа победа ќе влезе и професионално од музичките води, па ќе мора да го остави фудбалот на страна.

„Што да се каже“, напишаа на кратко од ФК Тошк по победата на Ханџиќ. 

 

Се вчитува...