Фудбалер потпишал за романски тим, па место него играл неговиот брат близнак

Една од најголемите измами во модерниот свет на фудбалот е извршена во Романија. Скандал од големи размери го тресе романскиот фудбал, а не станува збор за местење натпревари. Имено, Едгар, кој е член на Динамо Букурешт, беше обвинет дека наместо него на неколку натпревари во оваа екипа играл неговиот брат близнак Еделино.

Едгар сега е 30-годишен одбранбен играч, кој беше голема надеж на португалскиот фудбал, играше за сите младински селекции на оваа репрезентација, но во сениорскиот фудбал играше за Гвинеја Бисао. Помина низ школата на славниот Спортинг Лисабон.

Тој дури потпиша за Барселона во 2012 година, кога имаше 18 години. Тој беше прекомандуван во „Б“ тимот на каталонскиот гигант, каде мина три сезони пред да замине во Вилјареал.

Потоа играше за Лил, Нант, Трабзон, Феенорд и Башакшехир, пред да дојде во Романија. Иако не го развил целосно својот талент, кариерата на ова момче во никој случај не е за потценување. Тој во зимскиот преоден рок потпиша за Динамо Букурешт, а има пет настапи. Иако, можеби нема, како што сега стојат работите.

Романските медиуми на големо пишуваат за тоа дека Едгар воопшто не играл за Динамо, односно дека неговиот брат близнак Еделино всушност го носел дресот на овој клуб на споменатите натпревари.

Доколку овие тврдења се покажат точни, тоа би била една од најголемите измами во модерниот фудбал. Романскиот новинар Даниел Сендре, наводно, ја открил оваа измама и истакнува дека Динамо се сомневал во Едгар кога тој не зборувал на англиски, туку само на неговиот мајчин португалски јазик. Дури и претседателот на клубот Длорин Прунеа потврди дека истрагата е во тек и дека Едгар воопшто не ги демантираше сите овие наводи.

Се вчитува...