Фудбалер тргна да се тепа со публика, па ќе изедеше ќотек (видео)

Тензично е во таборот на Хамбургер, овој тим во драматична завршница не успеа да обезбеди влез во првата Бундес-лига, а продолжи со очајни игри и на тартот од новата сезона, губејќи со убедливи 4-1 на гостувањето против Динамо Дрезден во стартната рунда од Купот на Германија.

Дефанзивецот Тони Лајстнер ги загуби нервите, па го прекина интервјуто по мечот во Дрезден тргнувајќи да се пресмета со еден навивач кој го провоцираше додека даваше изјава. Тој влезе и во физички конфликт со домашниот фан, но кога другите се освестија и стана јасно дека може да дојде до посериозен инцидент, Лајстнер ја прескокна оградата и се упати кон соблекувалната.

 

Се вчитува...