Фудбалерите ја разгледаа Варшава, вечерва ќе треба да ја освојат

ЕКИПА во Варшава, 

Владимир Булатовиќ

Македонските фудбалери попладнево го искористија времето по ручекот за кратка прошетка низ центарот на Варшава. Полскиот главен град плени со убавината, вечерва во него ќе пристигнат навивачи од сите делови на земјата, а нашите фудбалери ќе имаат огромен предизвик пред себе, на гостински терен да го изненадат лидерот во групата.

Задачата не е лесна, но репрезентативците никогаш не биле поисполнети со самодоверба, дека ако играат како што знаат ќе успеат да стигнат до посакуваниот резултат.

Варшава е убава за прошетка, нешто потешка за освојување, но кога е оваа репрезентација во прашање, ништо не е невозможно.

Се вчитува...