Фудбалерите ќе играат на преполн „Ернст Хапел“: 40.000 продадени влезници за вечерашниот меч

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Австрија е во фудбалска еуфорија. Тоа е и сосема очекувано ако се знае дека вечерва австриските фанови очекуваат да го прослават пласманот на ЕП 2020. На селекцијата на Франко Фода и е потребен само еден бод во последните две кола за да обезбеди место на континенталниот фудбалски самит следната година.

Влезниците за вечерашниот дуел со Македонија се речиси распродадени. Повеќе од 40.000 билети пламнале во најбрз можен рок и се очекува „Ернст Хапел“ да биде исполнет во целиот капацитет од 50.000 седишта.

„Тоа може само да биде дополнителен мотив да покажеме се што знаеме. За Македонија секогаш се дава максимумот“, истакна Стефан Ристовски на вчерашната прес – конференција.

Се вчитува...