Играчите ќе решаваат дали шпански фудбал ќе се игра во САД

Одлуката за тоа дали натпревари од најсилната шпанска фудбалска конкуренција ќе бидат играни во САД, ќе ја донесат играчите, соопшти Синдикатот на шпанските фудбалери. Примера потпиша договор со медиумската компанија „Релевант“ според кој во текот на оваа сезона во САД би требало да биде одигран еден натпревар од Ла Лига.

Планот е мечот меѓу Џирона и Барселона да биде одигран во Мајами на 27 јануари следната година.

Сепак на состанок со раковотството на Лигата, претставниците од синдикатот изразиле нездоволство затоа што фудбалерите немаат доволно информации околу детлите од договорот.

„Играчите, преку синдикатот ќе ја донесат одлуката за тоа дали натпреварот ќе биде одигран во САД“ – стои во соопштението од синдикатот кој бара и плановите за преселба на дуели преку океанот на играчите да им ги презентираат капитените.

Раковотството на првата шпанска лига веќе направи и план за субенционирање на трошоците  за транспортот  и за сместувањето на навивачите кои би патувле во Мајами. Џирона е домаќин на мечот.

 

 

Се вчитува...