Фудбалерите летаат за Грузија (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија  се насочува кон вториот предизвик од новото издание во Лигата на нации. Горан Пандев и соиграчите од националниот тим летаат за Грузија, каде утре (18 часот) го играат следниот дуел од ова натпреварување. Поради повреди, отпаднаа напаѓачот Иван Тричковски и дефанзивецот Кире Ристевски кои нема да можат да помогнат на првото гостување од новиот циклус.

Грузијците воедно се и можен противник во финалето на плејофот од одложената завршница за пат на Европското првенство, па ова ќе биде и добра шанса за вистинско скенирање на нивниот квалитет.

Се вчитува...