Со натпреварот меѓу Милан и Болоња вечерва на „Сан Сиро“ започнува 36. коло во италијанската Серија А.
Тоа ќе биде предигра за финалето на Купот на Италија, што истите овие ривали ќе го играат в среда на „Олимпико“.
Сепак, овој натпревар ќе биде карактеристичен по тоа што Милан ќе ја продолжи традицијата започната минатата година, а се однесува на „Денот на мајката“.
Во Италија се слави во недела, но оваа вечер „росонерите“ ќе им оддадат почит на своите мајки со носење на нивните момински презимиња на грбот. Нивните мајки ќе бидат во ВИП ложата на стадионот, но не само на играчите, туку и на целиот клупски персонал.
Официјалниот спикер ќе ги претставува играчите со моминските презимиња на нивните мајки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА