Фудбалерите на Падерборн се навлекле на тренинзите на фитнес – убавицата Памела Реиф (ВИДЕО)

Фудбалерите на Падерборн се последнопласирани во Бундес-лигата, но дефинитивно знаат да изберат што е убав тренинг. Тие во периодот на изолација се навлекле на тренинзите што ги применува убавата фитнес инструкторка Памела Реиф.

Таа е кралицата на Инстаграм во Германија, има повеќе од 5 милиони следбеници, а видеата за вежбање и подобар физички изглед и се убедливо најпопуларни. По нејзина програма работат и фудбалерите на Падерборн, а допрва ќе се види дали тоа ќе донесе и резултат, тимот да успее да избори опстанок во најквалитетното фудбалско друштво.

Се вчитува...