Фудбалерите на Реал подготвуваат шпалир за Барселона: Но, не за титулата, туку…

Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид е на програмата следниот викенд на „Камп Ноу“. Иако, ова Ел Класико нема да биде возбудливо затоа што веќе утре Барса има шанси да ја осигура титулата во Шпанија. Барса утре гостува на отпишаната Ла Коруња.

Иако во Шпанија вообичаено е да се подготви шпалир за новиот шампион, од кралскиот клуб претходно порачаа дека тоа нема да се случи на „Камп Ноу“.

Зинедин Зидан претходно нагласи дека неговите фудбалери нема да и аплаудираат на Барселона за освоената титула. Но, според последните информации, сето тоа би можело да се промени. Но, не поради тоа што Барса ќе стане нов шампион туку во чест на Андрес Иниеста.

Иниеста вчера потврди дека ова му е последна сезона во каталонскиот клуб, а од следната веројатно ќе игра во далечната Кина. Според пишувањата на шпанските медиуми пооделни фудбалери на Реал му порачале на Зидан дека сакаат да направат шпалир во чест на Иниеста затоа што тој тоа го заслужил со своите игри во Барселона и во репрезентацијата на Шпанија.

Се вчитува...