Фудбалерите на Вардар едногласни: Клубот е блиску до елитните лиги, наша цел е групна фаза во Европа!

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар денеска имаше брифинг со медиумите на кој покрај директорот Миленко Неделковски, присутни беа и тренерот Кристијан Фабијани и дел од фудбалерите кои следната сезона ќе ги бранат „црвено-црните“ бои.

Дел од фудбалерите кои беа присутни на брифингот (Давид Бабунски, Мигуел Пиреш, Филип Најдовски, Хоакин Торес) се едногласни дека во следната сезона ќе одат на победа на секој меч.

„Разликите меѓу фудбалот кај нас и други земји не е по талент, но имаме проблем со систем, со инфраструктура. Вардар тргна по добар правец и треба да бидеме пример и многу сум среќен за проектот на Вардар и да сум дел од овој тим, кој е блиску до клубовите од елитните лиги. Вардар секогаш оди на победа, и да играме каде што навивачите ќе бидат горди
Целта е групна фаза во Европа, за тоа работиме да ја нападнеме таа цел со сета сила“, изјави Давид Бабунски. 

„Јас би сакал тука блиску да биде противникот во ЛШ“, изјави Најдовски. 

„Ми се доаѓа градот, клубот, мирно е, луѓето се фини, и сакам вакви мирни места“, изјави Торес. 

„Вардар е еден од најдобрите клубови. Во Вардар само опција е победа секогаш ништо помалку. Вардар е најдобар клуб, и историјата на кчубот затоа одбрав да играм тука. Имав понуда од Шкендија но сепак Вардар е најдобриот клуб со накдобрите играчи“, изјави Пиреш. 

Се вчитува...